На 63-годишна возраст почина легендарниот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп-Симонов, една од најзначајните личности на македонската музичка сцена.
Музичката кариера ја започна како гитарист и основач на групата „Бастион“, а потоа беше гитарист и на „Асторија“.
Работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, Тоше Проески, „Меморија“, Дарио Панковски, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска, Ена Веко, „Студени нозе“…
Фото: Фејсбук/Поп-Симонов
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.