Македонија денеска го празнува Велигден или Воскресение Христово, најважниот верски празник во христијанскиот календар.
Годинава празникот на ист ден го слават и православните и католичките верници, што не е случај секоја година, поради различните календари.
Православните и католичките верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година од н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден, недела по Велики Петок.
Православните и католичките верници денеска се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресна“ на што се одговара: „Навистина воскресна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Војна со ракети“ за Велигден на грчкиот остров Хиос
Зошто се вапцуваат јајца за Велигден
(Фото) Уметнички јајца за Велигден поставени низ Штип
Фото: Игор Бансколиев