Додека т.н. меѓународна заедница немо го следи геноцидот во Појасот Газа, а некои земји како САД, дури и продолжуваат да го снабдуваат Израел со оружје, папата Францис до крајот на својот живот секојднево се јавувал во католичка црква во Појасот Газа, Палестина, откако таму почна војната.
Со црквата, како што пренесуваат светските медиуми, контактирал дури и додека бил во болница, а последен пат зборел во сабота, два дена пред да почине.
Папата беше еден од многу ретките светски лидери кој постојано повикуваше да престане војната во Палестина, но и во Украина и тоа го правеше до последен момент.
Оваа е само еден факт кој покажува колку голем човек загуби светот, кој допрва ќе слушне за неговите големи дела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците и Бугарите се две целосно различни нации, кажа папата Франциск по посетата на Македонија
Папата Франциск починал од мозочен удар и срцева слабост
На Велики Понеделник почина Папата Франциск
Фото: Влада/видео: Al Jazeera English/Sky News