Вчера во Секторот за внатрешни работи, пратеникот на СДСМ, поранешен потпретседател на партијата и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.април до 03.00 часот на 21.април, со употреба на сила и алат било влезено во неговиот дом во скопски Бутел и биле одземени пари и други предмети.
Од полицијата не споделуваат повеќе детали, а ORA24.TV објави дека бил украден сеф со злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра.
Битиќи за ОРА24.TV ја потврдил кражбата.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.