еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Reality Check со Ели Пешева стартува вечерва: Ќе ги проверуваме нашите уверувања, стравови и навики

Ели Пешева, која возрасните ја паметат како телевизиско лице на телевизијата Сител, а помладите ја препознаваат преку социјалните мрежи стартува со нов проект Reality Check, преку кој, меѓудругото ќе се обиде да ги поврзе токму овие генерации.

Однесувањето на луѓето под лупа, подразбира и како да се надмине тој генерациски јаз, да се дадат одговори на бројни прашања кои ги мачат и едните и другите, како да се најде заеднички јазик, да се разбираме подобро, но и како на истите реагираат луѓето ширум светот.

„Reality Check комплетно и како емисија, и како содржина е еден тип експеримент во живо, средба меѓу психологијата, следење на шемите на науката и секојдневието, и во неа ќе ги проверуваме нашите уверувања, стравови и навики.

Идејата ми беше да отворам простор каде што без предрасуди ќе зборуваме за тоа зошто луѓето се однесуваат така како што се однесуваат. Од суеверија до генерациски судири, од реакциите во толпа до скриените психолошки механизми што нè водат, до стереотипите за мажите и жените и луѓето кои живеат во различни држави – сѐ е тема за истражување, тестирање и искрен разговор,“ вели Пешева за еМагазин.мк.

Преку тестови, анкети и социјални експерименти, во емисијата ќе се види што е мит, а што вистина.

„Целта ни е не да осудуваме, туку да разбереме. Со помош на експерти, јавни личности и обични луѓе, ќе се обидеме да ја откриеме реалната слика зад секој стереотип и да се насмееме, да се изненадиме, и понекогаш, да се препознаеме.

Би сакала да ги предизвикам гледачите да се прашаат: Зошто го правам ова? Дали сум јас исклучокот или правилото? И, ако се соочам со вистината – дали сум подготвен/а да се променам,“ додава Пешева.

Емисијата ќе биде поставена на Јутјуб и на сите други социјални мрежи, секоја среда во 20 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД воведоа повисоки царини за Канада, Мексико и Кина

Редакција

Нови 28 случаи на Ковид-19, оздравени 39, нема починати

Редакција

„Фибула ер травел“ го доби тендерот на Владата за резервација на авиобилети вреден 20 милиони денари

Редакција