Во првите три месеци од годинава Интерпромет АД Тетово остварил приходи од 1.310 илјади денари, кои се за 1.697 илјади денари помали од приходите во истиот период лани, кога тие изнесувале 3.007 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Друштвото оствари негативен финансиски резултат во бруто износ од 1.581 илјади денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2024 година во износ од 474 илјади денари, што претставува намалување или загуба за деловната година.
Ова намалување се должи на намалување на приходите на објектите кои се издаваат под закуп, а истите се отуѓени т.е продадени од страна на Друштвото за покривање на загубата од минати години, велат од таму.
За овој период Друштвото има расходи од 2.891 илјади денари, кои се за 358 илјади поголеми од расходите во истиот период лани, кога тие изнесувале 2.533 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовски „Интерпромет“ ќе дели дивиденда од 176 денари бруто по акција
Тетовски Интерпромет лани со намалена добивка