Од Гранит АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза меѓудругото информираат дека во 2024 година на органите на управување и надзор им е исплатен бруто износ од 68.052.140 денари на име надоместоци за плата, награда и надоместок за учество во органите на управување.
Претседател на Управниот одбор е Страшо Милковски, а членови се Зоран Милковски, кој е генерален директор, Катерина Ѓердовска, Андреа Серафимовски и надворешниот член, Венко Зафиров.
-Месечните надоместоци за учество во органот на управување кои ги примаат членовите на Управниот одбор се во бруто износ од 109.778 денари, односно истите претставуваат 37% од месечната бруто плата во Друштвото по вработен, велат од таму.
Претседател на Надзорниот одбор е Ивана Милковска Симева, а членови лани биле Горан Марковски и Виолета Божиноска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гранит ќе дели дивиденда од 38 денари бруто за акција
Гранит лани со намалени приходи