еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе поднесе ли оставка претседателката на Антикорупциска, откако е осомничена за „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска останува во фокусот на јавноста и медиумите откако минатата недела беше осомничена за случајот „Адитив“.

Истиот се однесува на набавка на адитив за потребите на ТЕЦ Неготино и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), при што е направена проневера на 6,5 милиони евра, а Димитровска е осомничена дека споделувала податоци, кои се службена тајна, со еден од обвинетите во случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На кој обвинет во „Адитив“ претседателката на Антикорупциска му одавала податоци кои се државна тајна

Поради тоа остана без пасош, а не сме да извршува ни работни задачи во ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Информацијата беше објавена во четвртокот, а таа во петокот не беше на работа.

Од ДКСК пак информираа дека државната институција продолжува да функционира редовно и дека е отворена за соработка со надлежните органи и јавноста.

Колкаво влијание ќе има информацијата врз работата на ДКСК, останува да видиме.

Членовите на ДКСК ги избира македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“

Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор и вработени во ЕСМ осомничени дека проневериле 178,3 милиони денари

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Управата за финансиско разузнавање за набавка на две возила

Редакција

Последниот регистриран пред неколку дена: 111 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција