Технокомерц АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето загуба од 12,862 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи изнесуваа 83,014 илјади денари и тие се за 6,75% намалени во споредба со вкупните приходи остварени во истиот период од 2024 година.
Од остварените вкупни приходи, приходите од продажба на трговските стоки изнесуваа 99,45% и достигнаа износ од 82,555 илјади денари (према 89,030 илјади денари на 31.03.2024 година) и забележа намалуввање од 7%.
Останатите приходи учествуваа со 0,55% во структурата на вкупните приходи.
Вкупни расходи достигнаа износ од 95,876 илјади денари и тие се за 3,44% намалени во споредба со расходите остварени во истиот период од 2024 година.
Од вкупните расходи 97,60% се оперативни расходи, додека финансиските расходи изнесуваат 2,40% од вкупните расходи, велат од таму
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Технокомерц со загуба во третиот квартал