еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од половина до денар

Од вечерва по полноќ цената на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, поевтинува за половина денар, а на дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер 95 е 73 денари за литар, на Еуросупер 98, 75 денари за литар, а на дизелот, 65 денари за литар.

Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари за литар.

За 1,1 денар поевтинува и цената на мазутот и ќе се продава по цена од 36 денари по килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски да покаже кој го платил патувањето за своите деца во Вашингтон, повика претседателката на Антикорупциска

Редакција

(ВИДЕО) Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац почина од Ковид-19

Редакција

Детали од МВР: Загинатите во Битола биле на возраст од 68 и 63 години

Редакција