еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Европа со зголемена добивка и приходи во првиот квартал

Европа АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила бруто приходи во износ од 270.203.461 денари и истите се зголемени за 10,5% во однос на бруто приходите од 2024 година за истиот период, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните оперативни приходи за 01.01 – 31.03.2025 година се зголемени за 8,9% во однос на истите во 2024 година. Останатите приходи се зголемени за 99,1%, а кај финансиските приходи намалувањето е 7,4% во однос на 2024 година.

Вкупните расходите се зголемени за 10,7% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01 – 31.03.2025 година се зголемени за 10,6%, а финансиските расходи се намалени за 74,4% во однос на 2024 година.

Европа за периодот 01.01-31.03.2025 година оствари добивка во износ од 14.926.400 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 2,3%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа лани со преполовена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На четиричлено семејство во Македонија му требаат најмалку 57.467 денари да го помине месецот

Редакција

Твитер „збесна“ за мерките за загадувањето: „Од утре ќе мириса на јоргован и ќе денсаме голи под виножито“

Редакција

Децата оваа сезона ќе можат да скијаат по пониски цени и со една ски карта во целиот регион

Редакција