еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Во Боговиње годинава ќе има скијање по оф-роуд патеки

Сезоната што следува во пределот на Боговиње годинава ќе има скијање по оф-роуд патеки. Индивидуалци и групи, вљубеници на слободното скијање ќе бидат носени од страна на туристичка фирма powderproject.ch од Швајцарија, чија специјалност се зимските спортови на атрактивни туристички дестинации во соработка со SharOutdoors чиј претставник е Методи Чилиманов.

Овие тури се за сите авантуристи и скијачи по оф-роуд патеки, оние кои сакаат да ја доживеат културата, вкусат локалните гастрономски специјалитети и да се соживеат со локалците кои ќе им го пренесат уникатното искутвото од Балканот, и сето тоа со високи стандарди на безбедност.

„После години турнашење, планинарење и сонување за некои од линиите на Џинибег, Трапезица, Бориславец, изворите на Пена, Кривошија оваа година ќе си се сместиме во ловечката куќа во Боговиње и ќе ја поминеме зимата во овој фантастичен предел“, напиша Чилиманов на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук-профил на Методи Чилиманов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво: Старите лица од „Мајка Тереза“ изработиле 100 заштитни маски за здравствените работници во Дебар

Редакција

Испробајте си ја вашата среќа и добијте iPhone 14 Pro

Редакција

(ВИДЕО) Нуркачите од „Акватек“ снимија живеалишта на загрозени ракови со јајца на дното на Охридското Езеро

Редакција