Каде Македонците купуваат имот во Грција и како се движат цените

Според информации од македонски агенции за недвижности, македонските граѓани најмногу купуваат имот во Грција во Солун, Атина и на крајбрежните места на Халкидики, пишува Факултети.

Најмногу се бараат помали имоти.

Цените на недвижностите во Солун се движат од 2.000 до 2.500 евра за метар квадратен во популарните делови на градот, во централните области, како Ано Поли и Лададика, цените можат да достигнат и до 3.000 евра за метар квадратен, а во предградијата цените почнуваат од 1.700 евра за метар квадратен, пишува порталот.

Цените на недвижностите на Халкидики пак варираат во зависност од локацијата и близината до плажата. На пример на полуостровот Касандра просечните цени на становите се движат од 1.800 до 3.000 евра за метар квадратен, а на Ситонија од 1.500 до 2.500 евра за метар квадратен.

Во Неа Каликратија, недвижнини се продаваат по цени од 1.300 до 2.200 евра за метар квадратен, но без директен излез на плажа, во Паралија на исти локации, од 1.500 до 2.500 евра за метар квадратен, а недвижнините и во двете места во близина или на плажа се продаваат и до 3.000 евра за метар квадратен.

Во Полихроно, пак цените се движат од 1.700 до 2.800 евра за метар квадратен, пишува Факултети.

Целата анализа ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести