(Фото) Сиљановска Давкова на маса со Зеленски на приемот кај кралот и кралицата на Холандија

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија, кој почна вчера, била на свечен прием организиран од Вилем-Александар, кралот на Холандија и кралицата Максима, информираа од нејзиниот Кабинет.

Како што може да се забележи од фотографиите таа е на маса со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Во Хаг се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска во Хаг почнува Самитот на НАТО, кој ја преставува Македонија?

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести