Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 1 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 75,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 77,50 денари, а дизелот за 69,50 денари за литар.
Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 2,50 денари и сега ќе се продава за 69,50 денари, како и на Мазутот М-1 НС за 0,605 денари и ќе се продава за 39,50 денари за килограм.