Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот кај Желино – вклучени хеликоптер, теренски возила и „ер трактори“

Во Општина Желино избувна пожар кој се движи во правец кон Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства,“ се вели во соопштението.

Во гаснењето на пожарот ангажирани се еден армиски хеликоптер, еден полициски камион МАН со цистерна од осум тони и воден топ, две теренски возила пинцгауер, еден хермелин, 30 припадници на Армијата, екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита, пожарникари од ТППЕ Тетово, два „ер трактори“ на ДЗС за воздушна поддршка

На територијата на целата држава активни се шест пожари, а три се под контрола.

Освен во Желино, активни пожари има во Василево, Македонски Брод, Прилеп, Велес и Сарај.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести