Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“, информираат од Народна банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.