Само една понуда за трет мобилен оператор, дали ќе почне со работа ќе се знае по локалните избори

На тендерот за трет мобилен оператор во земјава се јавила само една компанија – „Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската групација „4иГ“, информираа денеска од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Дали истата ќе влезе на македонскиот пазар ќе се знае во ноември, по завршувањето на локалните избори.

Од Комисијата на АЕК информираа дека компанијата ги доставила сите потребни документи.

Доколку биде избрана треба да започне со работа до крајот на 2026 година.

Од АЕК информираа дека три компании подигнале документација, но на тендерот се јавила само унгарската.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести