Ќе стане ли „Оне Македонија телекомуникации“ третиот мобилен оператор: Кој оператор моментално има најголем удел

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската групација „4iG“ е единствената компанија која се јавила на тендерот за трет мобилен оператор во Македонија, информираа од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само една понуда за трет мобилен оператор, дали ќе почне со работа ќе се знае по локалните избори

Во ноември, по локалните избори ќе се знае дали „Оне Македонија телекомуникации“ ќе биде новиот мобилен оператор во земјава, а доколку биде избрана, треба да започне со работа до крајот на 2026 година.

Кој моментално има најголем удел на пазарот

Во првиот квартал од годинава според податоци на АЕК удел од 47,69% има А1 Македонија, 46,66% Македонски Телеком, 3,38% М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34% Телекабел, 0,38% Мтелмобајл, и 0,10% Греен мобиле.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести