Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираше дека јавен обвинител од ОЈО Скопје и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска извршиле увид во рециклаторен погон во Трубарево, каде пред неколку денови имаше голем пожар.
-Увидните дејствија се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација.
Беше извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата.
Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати.
По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата.
Исто така, се уште на лице место е стационирана и противпожарна екипа, бидејќи на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување. Обвинителството и истражните органи продолжуваат да преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжен притворот на четворицата опфатени во постапката за пожарот во Трубарево
Училиштата околу Трубарево ќе одржуваат настава онлајн