еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Пустош на риба во Охридско езеро: Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци

Вчера, Државниот инспекторат за земјоделство организираше акција за спречување на рибокрадци, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

„Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид, а беше иницирана од сознанијата дека во водите на Охридското езеро се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани.

Целта на акцијата е сузбивање на погоре наведените состојби. Запленети се вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36,5 кг. Одземени се 68 рибарски мрежи со димензии на окца од 26×26 мм со вкупна должина од 3400 м и 6 мрежи за лов на јагула со димензии на окца 32×32 или вкупно 300 м.

Воедно запленети се и 20 мрежи за лов на белвица со димензии 28X28 мм со вкупна должина од 1000м. Овие мрежи се во сопственост од познат сторител.

При чистење на белвичарските мрежи беа извадени 20 парчиња подмладок од охридска пастрмка, со тежина од 150 до 200 гр кои беа внимателно извадени и вратени во Охридското езеро“, се вели во соопштението на МЗШВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко

Редакција

Детали од МВР за грозоморното убиство во Инџиково: Го застрелале пред очите на сопругата

Редакција

Претрес во хотел и во домот на скопјанец кој бил во изолација

Редакција