Израел и исламистичката воена група Хамас во Египет ја потпишале првата фаза од мировниот план со 20 точки на САД, која предвидува прекин на огнот и размена на заложници, пренесуваат светските агенции.
Според договорот откако Хамас ќе ги ослободи израелските заложници, Израел треба да ги повлече своите трупи на договорена линија и да ослободи палестински затвореници.
Планот меѓудругото понатаму предвидува и разоружување на Хамас, на што групата засега се противи, и воведување преодна влада во Палестина, предводена од меѓународно тело.
Од нападот на Хамас на Израел на 7. октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници, во окупираниот дел од Палестина, Појасот Газа беа убиени над 67.000 лица, од кои околу 20.000 се деца, а Појасот е речиси срамнет со земја.
Се претпоставува дека 20 од 48. израелски заложници сè уште се живи, а останите (дел починати) беа ослободени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп предложи план за прекин на огнот во Газа, Хамас не го бендиса
Фото: Унсплеш