Технокомерц АД Скопје за периодот од 01.01 до 31.09 годинава имал добивка од 34,261 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи изнесуваат 403,118 илјади денари и тие се за 36,41% зголемени во споредба со вкупните приходи остварени во истиот период од 2024 година кога изнесуваа 295,525 илјади денари.
Како резултат на реализација на договорот за купородажба на недвижен имот со Лидл Северна Македонија ДООЕЛ Скопје, Технокомерц оствари капитална добивка од 73,097 илјади денари.
Приходите од продажба достигнаа износ од 326,119 илјади денари и тие забележаа зголемување од 12% во споредба со 30.09.2024 година кога изнесуваа 291,990 илјади денари.
Од вкупните приходи 99,83% се приходи од продажба на производи и услуги, додека финансиските приходи учествуваат со 0,17%.
Вкупните расходи достигнаа износ од 368,857 илјади денари и тие се за 20% зголемени во споредба со расходите остварени во истиот период од 2024 година.
Финансиските расходи достигнаа износ од 5,962 ијади денари и бележат зголемување од 14 % во споредба со расходите остварени во 30.09.2024 година.
Набавната вредност учестува со 83,36% од вредноста на приходите од продажба. Од вкупните расходи 98.38% се оперативни расходи додека финансиските расходи изнесуваат 1,62% од вкупните расходи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде се освен во Општина Аеродром ќе има Лидл во Скопје
Првите маркети Лидл ќе ги отвори кон средината на следната година?
Технокомерц со загуба во второто полугодие