Основниот кривичен суд Скопје го одобри и второто обвинение за трагедијата во Кочани, каде во т.н. дискотека на 16. март загинаа 63 лица, а беа повредени 202.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истото е за Александар Нацев, вистинскиот сопственик на Рубикон Секјурити Солушн, агенцијата за обезбедување која ја обезбедуваше т.н. дискотека.
И тој како и другите обвинети во првото обвинение за трагедијата, е обвинет за “тешки дела против општата сигурност“. Заедно со агенцијата според Основното јавно обвинителство, се товарат дека не презеле мерки за спречување на штетни појави и противправни дејствија, како и дека го вршеле обезбедувањето без писмен договор со т.н. дискотека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето за трагедијата во Кочани почнува на 19. ноември, еве кој се е обвинет
еМагазин разгледа што пријавил во 2016 година, кога станал директор на Дирекцијата за класифицирани информации, според податоци од mkopen.org.
Каков имот пријавил
На свое име има стан во Скопје, а на име на сопругата има куќа и земјиште во Радовиш, од наследство.

Вози „хонда“.
Тогаш имал и два кредити, кој според податоците од тој период, треба да се вратени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Александар Нацев, за кого е одобрено обвинението за трагедијата во Кочани
Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани
Фото: Фејсбук/Нацев