Во текот на денот се приведени 11 лица, во повеќето случаи поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Четири се ослободени, а седум се задржани на понатамошна постапка.
Пријавени се и седум настани со наводна инволвираност на полициски службеници, од кои за шест е утврдено дека не постојат неправилности, а за еден случај се преземаат мерки.
Секторот за компјутерски криминал регистрирал 19 објави на социјалните мрежи и интернет-просторот кои се предмет на понатамошна проверка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени две лица во Чаир, се преставувале како набљудувачи на изборите
Обвинителство: Наводи за изборен поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе