Во фирмите кои добиле лиценца за производство на марихуана за медицински цели ќе има вонредни контроли, одлучи Владата.
Оваа следи откако во Србија во акција беа запленети пет тони марихуана, во која беше уапсен и еден од сопствениците на фирма од овој бизнис во Македонија, по што и во земјава се отвори истрага и беа запленети околу 40 тони марихуана од неколку фирми кои произведуваат медицинска марихуана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија
По контролата надлежните институции во рок од 45 дена ќе треба да достават извештај до Владата, која исто така ќе именува членови на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги, која е формирана во 2017 година и не е активна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се условите за да фирма добие лиценца за производство на медициниска марихуана
Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис
Фото: Унсплеш














