Откако министерот за правда Игор Филков ги повика Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да проверат дали има пропуст за куќниот притвор за бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, се огласија од Советот на јавни обвинители.
Од таму информираа дека во оваа фаза од постапката немале надлежност за надзор врз постапувањето на обвинителите.
Предметен јавен обвинител за случајот е Даниел Коцев од Основното јавно обвинителство Скопје. Тој го побара куќниот притвор за Груби, а судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој го одобри е Марин Станевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За куќниот притвор за Груби одговорноста е кај Обвинителството, велат правниците
Филков јавно го повика Коцев да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено мислењето за замена на притворот.
На Груби додека беше во бегство му беше одреден затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До каде е предметот за Груби за неговото ставање на „црната листа“ на САД?
Каков имот пријавил обвинителот Даниел Коцев, кој побара куќен притвор за Артан Груби
Каков имот пријавил Артан Груби
Фото: Груби/Фејсбук













