Груби бил во опасност од ликвидација од познат криминалец, македонските власти дознале од странска служба, објави ТВ 24

Бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците бил во опасносот од ликвидација од познат криминалец, а македонските власти за тоа дознале од странска служба објави телевизијата 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор

Како што објави телевизијата станува збор за три службени белешки кои по автоматизам стигнале до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје од Министерството за внатрешни работи (МВР), по што ОЈО Скопје одлучило тој наместо во затворски да оди во куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку полицајци го чуваат Артан Груби

Информациите за можна ликвидација на Груби, Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ја добила од странска служба од соседството пред повеќе од година, по што ја испратило до МВР. 

По таа дојава Груби добил полициско обезбедување, кое го користел се до бегството од Македонија.

Во меѓувреме МВР споделиле и други информации до ОЈО Скопје кои до нив стигнале како сознанија од институциите кои покажале дека Груби не е безбеден.

Едната информација била по неговото бегство. Нема детали кои други опасности го демнеле Груби, објави ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До каде е предметот за Груби за неговото ставање на „црната листа“ на САД?

Каков имот пријавил Артан Груби

За што се гони Артан Груби

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести