Цената на нафтата може да порасне драстично поради нападот на Иран

Нападот на Иран од страна на САД и Израел може да донесе драстично повисока цена на нафтата, по што би следело покачување на цената на бензините, но и на бројни други производи, што ќе ја зголеми инфлацијата на глобално ниво и ќе ја потресе светската економија, анализираат светските агенции.

Засега е нејасно дали Иран го затворил Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски извозни правци за нафта. Тој ги поврзува најголемите производители на нафта во Персискиот Залив – вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Иран, Ирак и Обединетите Арапски Емирати – со Оманскиот Залив и Арапското Море.

Преку Ормутскиот Теснец се транспортира речиси една петтина од целата нафта што се троши во светот секој ден. Светската економија во голема мера зависи од протокот на нафта токму низ оваа рута.

Но, таков потег би бил и сериозен чин на економско самоуништување за Иран. Иранската нафта влегува на светскиот пазар преку истиот премин, па затворањето на Ормутскиот Теснец би можело да предизвика интервенција од страна на арапските земји од Персискиот Залив.

Доколку тоа навистина се случило тоа би било преседан со огромни глобални последици.

Иран засега официјално не го потврдил тоа, и покрај тоа што повеќе светски медиуми пренесоа дека Ормутскиот Теснец наводно бил привремено затворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиен верскиот лидер Али Хамнеи, најмоќниот човек во Иран

(Видео) Во Иран и се слави, и се плаче за убиениот верски лидер Али Хамнеи

(Видео) Иран го нападна Израел, нападнати и американските бази во Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт и ОАЕ

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести