„Виз Ер“ ги суспендира летовите до Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија и Јордан до 7. март

Поради ескалиција на состојбата на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел, нискобуџетната компанија „Виз Ер“ ги суспендира летовите до Израел, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Јордан до 7. март, информираа од таму.

И македонските туристички агенции повикуваат патниците да се информираат кај агенциите и авио-превозниците за патување во дестинациите во тој регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците да се информираат кај туристичките агенции и авио-превозниците, заради прекинатите летови до Дубаи и Абу Даби

Поради кризата, стотици илјади патници се заглавени по аеродромите во тој регион (и пошироко), а дел од нив беа и цел на напади од Иран.

Воздушниот простор кај најголемиот дел од земјите на Блискиот Исток е затворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено

И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база

Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести