Регулаторната комисија за енергетика придонесе за драстичниот раст на цените на бензините и дизелот, додека цената на нафтата растеше, таа го измени Правилникот

На 4. март кога веќе беше јасно дека цената на нафтата ќе почне да расте, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го измени Правилникот за утврдување на цените на горивата.

Таа ја укина одлуката донесена во време на енергетската криза во 2022 година со која цените се менуваа секогаш кога промената требаше да биде поголема од два денари за литар, со што се оставаше можност цените да се менуваат ако е потребно и секој ден.

Сега со укинувањето на одлуката цените на горивата ќе се утврдуваат само во понеделник, со важност на новите цени од полноќ кон вторник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата може да интервенира по шокот со драстичнот раст на цените на бензините и дизелот

Цената на нафтата драстично падна додека во Македонија се правеа колони на бензинските пумпи

Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за 5 денари

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести