Иранска балистичка ракета вчера повторно влезе во турскиот воздушен простор.
Таа беше неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО во источниот Медитеран.
Делови од истата паднале на ненаселено земјиште во Газиантеп, во југо-централна Турција, која е земја членка на НАТО. Нема загинати или повредени.
По инцидентот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди Иран да се воздржи од понатамошни „провокативни чекори“.
Тој ја повика земјата да се воздржи од дејствија што би фрлиле сенка врз нивните “илјадагодишни соседски и братски врски“, посочувајќи дека Иран продолжува да презема „крајно погрешни и провокативни чекори“ и покрај „искрените предупредувања“ од Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран си создава нови непријатели
Иран негираше дека лансирал ракета кон Турција
Фото: Унсплеш














