Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 18.18 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип било пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено.
„По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација.
Известен е Центарот за социјални работи Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ велат од СВР Штип.
Фото: Unsplash













