Актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев е во фокусот на јавноста откако заврши во притвор поради барање поткуп од сопственик на фирма.
Од него барал 100 илјади евра за да овозможи стока која била сопрена на граница да влезе во земјава, а парите сакал да му бидат исплатени на три рати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако му зел 50 илјади евра, бил уапсен од полицијата, која по претрес на неговото возило, парите ги нашла под совозачкото седиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анакиев е потпретседател на владејачката Социјалистичка партија на Македонија.
еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија, кога станал директор на Инспекторатот.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил недвижен имот во Кочани.

На име на сопругата пријавил недвижен имот во Облешево.

Има два возила.

Пријавил и кредит

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














