Првото туристичко вештачко езеро во Штип и Источна Македонија ќе биде завршено во 2027 година, пред предвидениот рок, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.
„Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза. Овој капитален проект покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот.
Вкупниот буџет за изградба на овој проект е обезбеден од страна на Владата преку Министерството за транспорт,“ кажа тој.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов пак изјави дека со завршување на браната, Штип и целиот источен регион ќе го добијат првото вештачко езеро – простор што ќе отвори нови можности за туризам, домување, како и за спорт и рекреација.
Фото: Министерство за транспорт













