(Видео) Дали се направени анализи за присуство на цијанид, прашаа родителите на загинатите во „Пулс“, кои побараа да се врати обвинителката Трајчева, која работи на неколку предмети за трагедијата

На новиот, 39. „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, вчера, повторно побараа одговор од институциите дали при обдукцијата на телата на починатите биле направени хемиски анализи за можно присуство на цијанид.

Тие посочија дека и по дописи испратени до надлежните институции, сè уште немаат добиено одговор за тоа.

На маршот побараа и обвинителката од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ивана Алексова Трајчева, која водеше три предмети за инволвираност на полициски службеници во трагедијата, (посебни предмети од главниот) да биде вратена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има застој во предметите за полицајците обвинети за пожарот во „Пулс“

Имено, пред неколку денови Советот на јавни обвинители на Алексова Трајчева не и го продолжи мандатот.

Според нив со оваа одлука на Советот се отвора ризик од нови одложувања и пролонгирање на постапките, бидејќи новиот обвинител што ќе дојде на нејзино место, ќе треба од почеток да се запознава со доказите и текот на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца обвинети полицајци за трагедијата во „Пулс“ велат дека не се виновни

Поднесени три обвиненија и за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Фото: Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести