Косовскиот премиер Курти живее под кирија, а жена му има стан: Каков имот пријавил

Косовскиот премиер Албин Курти живее под кирија во стан за кој плаќал 350 евра месечно, покажуваат податоците на косовската Агенција за борба против корупцијата.

Интересно е дека неговата сопруга има стан вреден 530 илјади евра.

Таа и заработува повеќе од него. Неговата годишна плата како премиер е 21.315 евра, а на неговата сопруга – 51.000 евра.

И неговата сопруга и неговата ќерка штедат повеќе од Курти.

Тој на банкарската сметка имал 16 евра и 41 цент, неговата сопруга имала заштеда од 19.500 евра, кои биле од нејзината плата и наследство, а ќерка му пак имала заштеда од 2.000 евра, како и сметка со 50 евра.

Неговата сопруга има и кредит од 160.000 евра.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести