Маж чии идентитет засега не е познат, завчера починал во угостителски објект на Градскиот пазар во Свети Николе.
Како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Свети Николе, пред да почине му се слошило во објектот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Телото на мажот е дадено на обдукција, а се преземаат и мерки за утврдување на неговиот идентитет.
Фото: Унсплеш














