Како што веќе објави еМагазин, Македонијатурист АД Скопје планира продажба на хотелите „Бристол“ и “Јадран„ и на друг недвижен имот во Скопје, меѓу кои и на ресторанот “Пивница“.
Станува збор за хотели и ресторан кои не работат со години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонијатурист ги продава хотелите „Бристол„ и „Јадран“ и друг недвижен имот
На престојното Собрание на акционери, освен оваа предлог одлука за продажба на недвижен имот во сопственост на Друштвото, има и предлог одлука за купување недвижен имот во скопско Ново Лисиче, Општина Кисела Вода.
Станува збор за градежно земјиште со површина од 8.081 метри квадратни за кое согласно важечкиот Детален урбанистички план има маркица за градба на деловен простор и станбен простор со
вкупно бруто изградена површина од 34.987 метри квадратни, стои во предлог одлуката за кое Друштвото извести преку Македонската берза.
-Купопродажната цена на недвижниот имот ќе биде извршена по пазарна цена за соодветен недвижен имот во вкупна вредност од 17.700.000 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ на денот на плаќањето, зголемено за сите соодветни јавни давачки, односно даноци, стои во предлог одлуката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се акционерите кои ќе одлучуваат за продажбата на хотелите “Бристол“ и „Јадран“
Вредноста на зделката претставува 28.21% од сметководствената вредност на имотот на Друштвото.
Освен „Бристол“, „Јадран„ и „Пивница“, во сопственост на Македонијатурист се и хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, кои работат, како и на хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат, како и на друг недвижен имот во Скопје, од кој дел Друштвото го дава под закуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марковски, Поповски и Бошков поднесоа оставки од Надзорниот одбор на Македонијатурист
Ацо Дудулоски нов претседател на Управниот одбор на Македонијатурист
Кој е Ацо Дудулоски, новиот претседател на УО на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев












