Новите прописи во Грција се веќе во сила, а предвидени се и казни доколку во автомобил ја немате задолжителната опрема.
Од Автомото сојузот на Македонија објавија листа на опрема на тоа што мора да имате во возилото, која ја има и во нивните продавници:
– Комплет за прва помош (DIN 13164)
– Термо ќебе (мин. 210×160 см)
– Маски (тип IIR / FFP2)
– Ракавици и гази за изгореници
– Флуоресцентни елеци (минимум 2)
– ПП апарат (2 кг)
– Сигурносен триаголник
– Сајла /јаже за влечење.













