Лани во Македонија во 132 несреќи при работа загинале дури 31. работници, покажува Извештајот на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР).
Претходната година загинале 17 работници, а Извештајот покажува и раст на смртноста при несреќите.
Трендот во Македонија, покажува континуиран раст на несреќите при работа. Во 2024 година имало 133, а во 2023 година, 108 несреќи.
Расте и бројот на тешко повредени работници. Во 2024 година нивниот број бил 116, а претходната година – 93.
Лани најмногу несреќи при работа имало во преработувачката индустрија – 33 случаи, во градежништвото -15, јавната управа и одбраната – 12, во дејностите на домаќинствата – 11…
Наранлива категорија се работниците на возраст од 45 до 60 години, кои најчесто се жртви во несреќи. По нив се лицата на возраст од 35 до 44 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата „Јакимовски“, која ја гради зградата во Кисела Вода, каде загина работник
Загинатиот работник во Кисела Вода имал 34 години












