Цената на нафтата повторно расте.
Денеска цената на нафтата Брент, од чија цена зависи и цената на горивата во Македонија, стигна до 126 долари за барел, што е највисоко ниво во последните четри години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Растот на цената на нафтата е резултат на нападот на САД и Израел на Иран, по што беше предизвикан воен конфликт во целиот регион на Блискиот Исток.
Иако моментално има кревко примирје помеѓу САД и Иран, никој незнае кога војната ќе заврши, а можно е и нејзино продолжување.
Како резултат на војната која ја започнаа САД и Израел, Ормускиот теснец стана нефункционален, а низ него поминува околу 20% од глобалните потреби за нафта.
Тоа е една од главните причини за растот на цената на нафтата, која пред војната се продаваше во просек за 60 долари за барел.
Другата важна причина е што во меѓувреме беа деловно или целосно уништени енергетски капицети во Иран, но и во многу земји од Блискиот Исток. Истите за да можат да работат во цел капацитет, ќе требаат и години.
Растот на цената на нафтата предизвика раст на цените и на бројни други стоки и производи, како и на инфлацијата на светско ниво, а на бројни земји им донесе помал економски раст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Фото: Унсплеш












