По разговорите помеѓу Владата и ОКТА АД Скопје, е договорено попустот на горивата да се продолжи до 18. мај, информираа од Владата.
Попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.
Според одредени проценки придонесот за општеството од досегашното намалување на цените од страна на ОКТА во услови на кризава, изнесува околу пет милиони евра. Со овие мерки, директно се обезбедува заштеда кај граѓаните и домашната економија, со што компанијата амортизира дел од ценовниот шок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија
Фото: Унсплеш













