Гранит со раст на добивката во првиот квартал

Гранит АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил добивка од 16.896 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупната сеопфатна добивка изнесува 36.111 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 19.215 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првиот квартал на 2026 година, велат од таму.

Остварените единечни вкупни приходи за овој период изнесуваат 905.520 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период лани бележат зголемување за 52%.

Приходите од продажба изнесуваат 882.301 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период лани бележат зголемување за 60% пред се како резултат на фактот дека Друштвото има зголемен обем на работа на проектот автопат Кичево Охрид и неколку други проекти, посочуваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит ќе добие уште 80 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Финансиските приходи изнесуваат 1.525 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат намалување за 43%.

Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 888.625 илјади денари.

-Споредено со истиот период 2025 година бележат зголемување за 50% и истото е соодветно на зголемувањето на приходите од продажба и поголемиот обем на активности, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава дивиденда ќе дели Гранит

Страшо Милковски купи нови акции на Гранит

Директорот на Гранит повторно купи акции на компанијата

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести