Елјеса Алији, кој е времено разрешен од функцијата в.д. претседател на Основниот суд Гостивар од страна на Судскиот совет поради мито, е во фокусот на јавноста.
Тој од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) заедно со уште едно лице – судски администратор, е осомничен за примање мито од 8.000 евра.
Се гонат за кривичното дело “примање награда за противзаконито влијание“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот на гостиварскиот суд осомничен за мито
Тие останаа без пасоши, а ќе имаат и обврска за повремено јавување кај службено лице, како и забрана за издавање нови документи за патување, забрана за преминување на државната граница и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичното дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Без пасош остана осомничениот за мито претседател на гостиварскиот суд
Кој е Алији
Роден е во 1962 година во гостиварското село Долна Бањица.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Судија во Основен суд Гостивар станал во 2005 година, каде претходно бил стручен соработник.
Во јули 2021 година од страна на Судскиот совет е избран за в.д. претседател на Основниот суд Гостивар. Доби уште еден мандат.
Работи на кривична материја.
Контроверзии поврзани со неговото работење
Алији беше во фокусот на јавноста по неколку контроверзии поврзани со неговото работење.
За него имаше постапка за разрешување како судија за извршување на санкциите, бидејќи во период од шест години не постапувал за предмети, не ги извршувал и ги довел до застарување.
Станува збор за периодот од 2013 до 2019 година. Се работи за предмети како конфискација на имот и имотна корист, трошоци за судења, парични казни… Предметите не ги доставувал до Управата за јавни приходи и до извршители, па дошло до застареност и неможност за нивна наплата.
Беше казнет со 15 посто од платата.
Извештај на Државниот завод за ревизија од минатата година пак меѓу друго откри дека во Судот немало соодветна евиденција за одземени пари и накит што влегувале таму. Извештајот покажа дека не се знае ни што и колку од вредни предмети влегува во Судот, ни што и колку се носи во Агенцијата за одземен имот.
Во 2022 година парично беше казнет и од Државната комисија за спречување корупција оти по изборот за претседател на Судот по првпат, не го пријавил имотот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Елјеса Алији, претседателот на гостиварскиот суд кој е осомничен за примање мито
Поради мито времено суспендиран претседателот на гостиварскиот суд, Елјеса Алији














