Автомобил удрил во две жени, возачот побегнал, ама МВР го пронајде

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 15.05.2025 во 18:47 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во  Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Подоцна МВР информираше дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронашле возилото и возачот.

Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П. (50) биле пронајдени на улицата „Мак Диздар“ во Скопје.

-Со возачот е обавен службен разговор и за настанот известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, по чии насоки возилото е привремено одземено, а по целосно документирање на предметот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести