Залутан куршум погоди дете во грб во двор на училиште во Драчево

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 19:45 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, Д.М. (37) од Скопје пријавил дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје.

Малолетникот не е повреден.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести