Загинатото 13-годишно дете било фудбалер на ФК Куманово

13-годишното дете кое загина по сообраќајна несреќа која се случи синоќа на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези, било фудбалер на фудбалскиот клуб (ФК) Куманово, во помладите категории.

Се работи за Аган Асани од селото Черкези.

Од него на Фејсбук се прости и неговиот тренер Исмет Зеќири.

Сочувство изразија и од Фудбалската репрезентација на Македонија.

Детето загина откако додека возел електричен тротинет во него удрил автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13-годишно дете загина по сообраќајка помеѓу тротинет и автомобил

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести