Две нови линии од Полска до Охрид, денеска слетаа патници од Вроцлав

Две нови линии се воведоа од Полска до Охрид, денеска слетаат патници од Вроцлав, а од вторник се воведува и линијата за Катовице.

„Овие две нови линии ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои што доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои што ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот.

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид и за околу два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром. Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува,“ изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Фото/ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести