Која е компанијата „Макпрогрес„, која по големиот пожар отвори нова фабрика за вафли

Како Феникс, Макпрогрес од Виница, по големиот пожар во септември лани, вчера отвори нова фабрика за вафли на брендот Винчини.

Истата располага со две современи производни линии за вафли и сродни кондиторски производи и ќе овозможи зголемување на производството за околу 30%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпрогрес отвори нова фабрика за вафли на брендот Винчини

Дополнително новата фабрика ќе ги зголеми извозните капацитети на компанијата, која извезува во дури 60 држави низ целиот свет.

Со почетокот на производството во фабриката ќе бидат отворени и 40 нови работни места, а од таму најавуваат и дополнителни вработувања.

Во пожарот минатата година целосно изгоре производствен погон на компанијата со три линии и два магацини, а имаше и повредени пожарникари и вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“

Која е „Макпрогрес„

Компанијата е основана во 1990 година и важи за една од водечките во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија.

Околу 75% од производството е наменето за извоз.

Компанијата е најголем извозник на кондиторски производи од Македонија.

Групацијата има неколку препознатливи брендови: „Винчини„ – кондиторско-пекарски производи, „Сончева доолина“ – ориз, грав и пченка од кочанско-виничкиот регион, „Натура“ – бренд за здрава храна, „Дониа“ од Прилеп за алва и локум и „Фантазија“ за десертни прашоци.

Примарната дејност на “Макпрогрес“ е производство на кондиторски производи, како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури.

Асортиманот опфаќа над 300 разновидни производи.

Онаа што треба да се издвои е што компанијата е една од ретките во Македонија која има имплентирано бројни системи за квалитет, кои и овозможуваат да успешно извезува во толку многу земји.

Во фабриката е имплементиран и сертифициран HACCP системот за безбедна храна. Воведен е и сертифициран и системот за менаџмент сo квалитетот – ISO 9001:2008, Халал сертификатот, кој е виза за извоз на кондиторски производи во исламските земји, имплементиран е KOSHER стандардот – стандард за храна за припадниците на еврејската вероисповед, EMAS стандардот за екологија…

Основач е Александар Цветанов, а генерален директор е Глигор Цветанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Макпрогрес“ трајно ги намали цените на 114 производи

(Видео) Макпрогрес почна со работа

Неколку пожарникари повредени при гаснењето на „Макпрогрес“: Чизмите им останале во стопениот шеќер, згазнале во стопна смола

Фото: Макпрогрес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести